Новости

Македонија

Ана Камчева за првата средба со Боки 13: Се случи во домот на Јовановски во Орман

Во своето сведочење пред Судот сведокот на обвинителството Ана Kамчева ја раскажа и својата прва средба со обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13.
Ана Камчева, сопругата на Јордан Камчев, денеска во Кривичниот суд сведочеше за средбите со Бојан Јовановски-Боки 13 и поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева на кои било договарано како тие може да му помогнат на нејзиниот сопруг за случајот „Империја”.

-Дојде денот за средбата со Катица Јанева. Се случи во домот на Јовановски во Орман каде што бевме јас, Јанева, Зоран Милевски и Јовановски. Со Јанева зборевме на почетокот за децата. Таа ми рече – Фала му на Боки, да не беше тој да го вработи син ми, сега ќе работеше на брод, изјави Камчева на денешнот рочиште за „Рекет“, објави Канал 5.

GOLD
To Top