Новости

Македонија

Ангеловска ќе биде нов министер за финансии, избрани се пет потпретседатели на СДСМ

Премиерот Зоран Заев по завршувањето на Централниот одбор на СДСМ соопшти дека утре до Собранието ќе достави предлог за нов министер за финансии. За оваа позиција е предложена Нина Ангеловска.

Заев најави дека ќе ја предложи Нина Ангеловска, коосновач на Групер за нов министер за финансии, додека Елизабета Наумовска ќе биде номинирана за заменик министер за образование и наука. Актуелниот заменик – министер за економија Кире Наумов ќе ја предводи Банката за развој, а Кире Колемишевски ќе биде новиот заменик – министер за економија.

Премиерот рече и дека Неџат Мехмедовиќ ќе биде заменик – министер за политички систем и односи меѓу заедниците, со што преку учество на таа позиција шанса добива бошњачката заедница.

На Централниот одбор на СДСМ избрани се пет потпретседатели на партијата.

Тоа се: Мила Царовска, Коста Петров,Оливер Спасовски, Дамјан Манчевски и Мухамед Зеќири, соопшти вечерва по ЦО претседателот на партијата и премиер Зоран Заев.

На чело на комисијата Едно општество за сите застанува Ѓулумсере Касапи.

GOLD
To Top