Новости

Македонија

Апелација му го продолжи куќниот притвор на Орце Камчев

На предлог на Специјалното јавно обвинителство, Апелациониот суд им го продолжи куќниот притвор на тројца осомничени во предметот „Империја“, односно на бизнисменост Орце Камчев, како и на Цветан Панделески и Ненад Јосифовиќ.

„Ја информираме јавноста дека по доставени предлози од страна на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, од страна на Апелациониот суд Скопје донесени се решенија со кои се продолжуваат мерките куќен притвор во траење од 30 дена за осомничените лица Јордан Камчев, Цветан Панделески и Ненад Јосифовиќ.

Воедно, информираме дека за осомниченото лице Тодор Мирчевски, покрај веќе изречената мерка на претпазливост – одземање на патна исправа, до Основен суд Скопје 1 Скопје – судија на претходна постапка, доставено е барање за определување на дополнителна мерка на претпазливост – јавување во суд еднаш неделно кај службено лице.

За осомничената Зорица Арсовска, покрај веќе изречената мерка на претпазливост – одземање на патна исправа, до Основен суд Скопје 1 Скопје – судија на претходна постапка, доставено е барање за определување на дополнителни мерки на претпазливост – јавување во суд еднаш неделно кај службено лице, забрана за посетување на деловните простории каде што осомничената работи, како и забрана за превземање на определени работни активности од дома, а кои се поврзани со правните лица – предмет на истрагата“, информираа од СЈО.

GOLD
To Top