Новости

Македонија

Апел од МТСП до граѓаните: Ако видите бездомни лица, пријавете на дежурните телефонски броеви

Поради екстремно ниските температури Министерството за труд и социјална политика апелира до граѓаните доколку забележат бездомно лице да го пријават на дежурните телефонски броеви за да биде сместено во некои од прифатните пунктови коишто се во функција од почетокот на зимскиот период.

Пријавувањето може да се прави  на следните телефонски броеви: Скопје: 071 733 171, 071 411 908, 071 261 778; Битола: 070 791 770; 071/397-272; 071/397-875; Струмица: 070 381 660; Струга: 070 317 612 / 046 781 733.

По пријавата на овие телефонски броеви мобилните тимови од Центрите за социјална работа и на Црвениот крст излегуваат на терен и ги згрижуваат бездомниците во неколку пунктови во Скопје и низ Македонија каде што добиваат чиста облека, топол оброк, греење и лекарска помош. На лицата коишто одбиваат да се сместат во некој од пунктовите им се дистрибуира вреќа за спиење, ќебе, облека, храна.

МТСП во соработка со Црвен крст во Скопје од пред еден месец го стави во функција интервентниот центар за бездомници „Момин поток“ каде што има 32 легла. Во периодот од 16.12.2018 до 09.01.2019 година реализирани беа 226 преспивања.

Покрај овој интервентен центар, во функција се уште три регионални прифатни центри во Битола, Струмица и Струга.

GOLD
To Top