Новости

Македонија

Бабовски: Продуктивен состанок и конкретни насоки од Директоратот за земјоделство при Европската комисија

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, заедно со неговиот заменик Авдул Селам Селами, како и претставници на институцијата оддржаа работен состанок со претставници на „ DG Agri,“( Директорат за земјоделство при ЕУ) Лијам Бреслин и Зиго Рутковски.

Претставниците од АФПЗРР, дадоа детален извештај за сработеното во делот на ИПАРД Програмата. Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, истакна дека согласно сегашната динамика на обработка на поднесените проекти до крајот на оваа година се очекува да се исплатат 8,3 милиони евра.

„До денеска, за првиот повик од ИПАРД 2 програмата од 1,648 поднесени апликации, одобрени се 950 апликации, од нив 214 апликации се веќе исплатени и на сметките на апликантие вратени се близу 3 милиони евра. За вториот повик од ИПАРД 2, пристигнати се 1,164 апликации до денеска со 13 апликанти веќе се склучени договорите за реализација на проектите. Со оглед на тоа што вториот повик заврши кон средината на февруари, со задоволство може да истакнам дека обработката на апликации е забрзана.“ – исткна Бабовски.

Претставниците на директоратот за земјоделство, искажаа задоволство од реализираните средства и од обработката на апликациите. Истакнаа дека АФПЗРР, има капацитет и согласно динамиката на исплата на реализирните проекти, очекуваат Платежната Агенција целосно да го реализира предвидениот Буџет за оваа година.

Порачаа дека задоволни се од резултатите и напорите кои АФПЗРР, континуирано ги прави во делот на доекипирањето со стручни кадри кои ќе овозможат побрза обработка на поднесените апликации и нивна исплата. Пројавија загриженост во делот на недефинираната политика за задржување на постојниот обучен кадар. Порачаа, стручните и обучени кадри да се мотивираат контуинирано, се со цел да се задржуваат во Агенцијата и да даваат резултаи во реализацијата на ИПАРД Програмата. Реализацијата на ИПАРД Програмата е клучна за модернизција и унапредување на домашниот агро – сектор.

GOLD
To Top