Новости

Македонија

Бадник е – празник на семејството и домот

Денес го славиме еден од најсветлите христијански празници – Бадник. Тоа е денот пред Рождеството Христово, кој е посветен на домот и се слави семејно од сите христијани. Семејството се собира во пресрет на раѓањето на Божјиот син – Исус Христос. Според библиското предание, на Бадник почнуваат породилните маки на Дева Марија. Вечерва е почеток на прославата, со кое се најавува Христовото раѓање.

Трпезата на Бадник е свечена, но и посна бидејќи денес е последниот ден од божиќниот пост.

На трпезата треба да има непарен број – 7, 9 или 11 јадења. На трпезата треба да има: варено жито, варен грав, полнети пиперки со грав (или ориз), ошаф, кисели краставички, кромид, лук, мед и ореви, вино. Во некои краишта прават исто тиквеник, зелник и лебче во која е скриена паричка (на кого се падне, ќе биде среќен целата година). Според традицијата, колку повеќе се јадењата, толку побогата ќе биде годината

Во четирите агли на собата се става по еден орев. Ова се прави за да се осветлат четирите краишта на светот.

На Бадник завршуваат и долгите 40-дневни божиќни пости. Вечерта на 24 декември кружат и коледарите.

GOLD
To Top