Новости

Македонија

Бесплатен одмор во Струга за 700 деца од семејства во социјален ризик

Околу 700 деца и нивни придружници од семејства во социјален ризик од цела држава, од минатата недела до крајот на летото во пет смени ќе престојуваат на летен одмор во Струга.

Одморот се реализира со поддшка од Министерството за труд и социјална политика и Црвен крст, а сместувањето е во одморалиштето „Мајски цвет“.

Одморот којшто е во траење од една недела и опфаќа шест полни пансиони го користат деца од петто до деветто одделение.

„Наменет е за членови на семејства корисници на гарантирана минимална помош и детски и образован додаток, деца без родители и родителска грижа, како и деца со попреченост, односно корисници на посебен додаток до 26 години возраст“, појаснуваат од ресорното министерство.

GOLD
To Top