Новости

Македонија

Боки 13 е осомничен за рекет од 1,5 милиони евра за да влијае на судска истрага

На пресконференцијата на Јавното Обвинителство на Македонија, беше соопштено дека Боки 13 е осомничен за рекет од 1,5 милиони евра со ветување дека ќе влијае на истрага, преку влијание на јавен обвинител. Обвинителството побара притвор за Бојан Јовановски и бизнисменот З.М.  Двајцата се осомничени за кривичното дело Примање награда за противзаконито влијание, а Боки 13 е осомничен и за кривичното дело Перење пари.

Дополнително, соопштија дека Боки 13 сеуште не е сослушан и ветија дополнителни информации.

Лицата се сомничат дека сториле кривично дело Примање награда на незаконит начин, за кое се собрани повеќе вербални и материјални докази, изјави на прес конференција обвинителката Вилма Рускоска.

Од ноември лани, до април годинава, првоосомничениот влијаел преку јавен обвинител да се олесни кривичниот прогон кон одредено лице за кое се водело посттапка.

Од лицето на кое му помогнале во неколку наврати примиле еден и пол милиони евра како поткуп.

За да продолжат да му помагаат било договорено да примат уште 5 милиони евра како награда.

Откако се посомневале дека средбите со него може да бидат компромитирани, веќе не одржувале средби .
Првосоомничениот се сомничи и за перење пари, што значи дека нелегално земените пари ги користел за лични задоволства, одмори, облека и друго.

Инаку денеска беа приведени на информативен разговор Бојан Јовановски, неформален сопственик на 1 ТВ и З.М.

Обвинителството побара притвор за двајцата осомничени пренесува слободен печат.  

GOLD
To Top