Новости

Македонија

Брегу: ЕУ никогаш нема да биде комплетна без Западен Балкан

Европската унија никогаш нема да биде компелтна без Западен Балкан“, но мора да ја замени „геополитиката“ со вистинска геополитика, рече генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка (РСС) Мајлинда Брегу, зборувајќи на ГЛОБСЕК форумот во Братислава, заедно со претседателите на Србија, Александар Вучиќ, на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ и со бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.

– Европската унија мора да биде подготвена Западен Балкан навистина да го постави како свој геополитички приоритет и политичките судири на Западен Балкан да ги обликува како борба ЗА или ПРОТИВ Европа. Ваквиот пристап ќе помогне да се оддржи стабилноста и влијанието во сопствениот двор, оптоварен со проблеми, подвлече Брегу.

Зборувајќи на панелот „Западен Балкан – оддалечување од Европа“, Брегу потенцираше дека „Западен Балкан припаѓа на европскиот ланец на вредности и мора цврсто да остане на патот на демократијата, слободата, правата на поединецот и на оддржливиот развој“.

Таа додаде дека „долгото чекање на вратите на Европа во голема мерка веќе влијае врз регионот“ и дека ООН проценува дека до 2050 година Западен Балкан би можел да загуби 14 отсто од своето население, а посебно загрижувачки е одливот на висококвалификуваната работна сила, бидејќи во огромна мерка ја сочинуваат младите.

За да се промени тоа, а негативните трендови да се свртат, не е доволно задачите да се извршуваат само поради бирократски процеси и квантитативни мерења“, додаде Брегу.

ГЛОБСЕК форумот се одржува во Братислава по 14-ти пат и е еден од највлијателните безбедносни и стратегиски форуми на кој учествуваат политичари, тинк-тенк и бизнис елитата од цела Европа и цел свет.

РСС е еден вид извршно тело на земјите од Процесот за соработка во Југоисточна Европа чиј основач и полноправен член е и Република Северна Македонија.

GOLD
To Top