Новости

Македонија

Брза помош за Катица Јанева, судот ќе одлучува за барањето за притвор

По дваесетминутна интревенција, медицинската екипа на Брзата помош замина од пред зградата на Кривичниот суд. Катица Јанева, која е во судот, се пожалила дека не се чувствува добро, по што била повикана Брза помош.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева е во Кривичниот суд каде ќе биде изведена пред судија од претходна постапка за да одлучи на барањето на Обвинителството за гонење на организиран криминал за притвор. Во Кривичниот суд пристигна и Вилма Русковска.

GOLD
To Top