Новости

Македонија

ВИДЕО: Владата ги повика граѓаните да си земат билет за посетата на Папата

Влаадата објави видео по повод посетата на Папата Франциск на 5 мај и ги повика граѓаните да си подигнат билет по повод неговото доаѓање.

„На 7 мај, во Скопје, доаѓа Папата Франциск во Апостолска посета на Република Северна Македонија. Ги повикуваме сите граѓани кои се заинтересирани да присуствуваат, да подигнат билет за настанот од било која католичка парохија во државата, најдоцна до 3 мај 2019 година. За дополнителни информации посетете ја веб-страницата: papa.mk“, глаис повикот на Владата.

Инаку и денеска во црквата Пресвето Срце Исусово се подигнуваа билетите без кој не може да се присуствува на мисата. Од црквата објаснуваат дека овие карти се за плоштадот Македонија и за посета на католичката црква.

На настанот предвидено е да присуствуваат најмалку 15 илјади граѓани од Македонија, пријавени се и многу странски посетители најмногу од Хрватска.

Безбедноста е на високо ниво и мора да се исполнат  протоколите на Ватикан на сите нивоа на целосна контрола на движењето на луѓето каде ќе биде посетата.

Заради безбедност седми мај е прогласен за неработен ден.

Апостолска посета на папата Франциск во Северна Македонија

На 7 мај, во Скопје, доаѓа Папата Франциск во Апостолска посета на Република Северна Македонија. Ги повикуваме сите граѓани кои се заинтересирани да присуствуваат, да подигнат билет за настанот од било која католичка парохија во државата, најдоцна до 3 мај 2019 година.За дополнителни информации посетете ја веб-страницата: papa.mk

Gepostet von Влада на Република Северна Македонија am Dienstag, 23. April 2019

GOLD
To Top