Новости

Македонија

ВИДЕО: Двајца руски комичари се претставиле како Столтенберг и Порошенко и еден час разговарале со Заев

Двајца руски комичари Владимир Кузнецов (Вован) и Алексеј Столаров (Лексус), објавија аудио снимка од телефонски разговори направени во последните неколку месеци, на кои разговараат со разни политичари, меѓу кои и со премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев.

Тие претставувајќи се како Петро Порошенко, тогашниот претседател на Украина, и Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, со Заев разговарале еден час, а актуелната ситуација во државата.

Заев, сметајќи дека зборува со висинските личности, обилно ги известува за успесите на надворешната политика, за Договорот ос Препса, за односите со Русија, проблемот со Косово, потоа за односите со Србија и за проблемот на Украина со Крим.

Заев ги известува двајцата комичари (во разговорот кој е направен во август минатата година) за престојниот референдум, односно кои земји ја поддржуваат Македонија.

Аудио снимката е објавена вчера на Јутјуб и ја реобјавија руските медиуми.

Комичарите на ист начин се јавувале и на други јавни личности пренесува тв21.

GOLD
To Top