Новости

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Кирацовски и Зечевиќ продолжуваат да ги манипулираат и лажат граѓаните

СДСМ кажа, СДСМ излажа. Александар Кирацовски и Миле Зечевиќ продолжуваат да ги манипулираат и лажат граѓаните. Кирацовски и Зечевиќ се во невозможна мисија помеѓу членството на СДСМ да го прикажат капитулантскиот договор за промена на уставното име на Македонија како победа, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Се што вети Заев за договорот излажа, гарантираше непроменет Устав, јазик и нација, се колнеше во своите предци и идни генерации и повторно излажа. Сега Кирацовски и Зечевиќ се во одбрана на својот шеф Заев со уште лаги кои ќе им ги сервираат на граѓаните. Договорот со Грција е акт со кој се брише македонската историја, име, јазик и нација, се она кое Заев ветуваше дека ќе остане непроменето. Со капитулантскиот договор се брише се што е македонско, се брише Македонската Академија на Науките и Уметностите, се брише Македонски Народен Театар, Археолошки музеј на Македонија, се брише придавката македонски во својата изворна смисла. Останува прашањето за што се изборил Заев и СДСМ, за каква победа говорат?, стои во реакцијата.

GOLD
To Top