Новости

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се согласија за министер во МВР

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ постигнаа договор за составот на техничката влада. Наќе Чулев е предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за технички министер за внатрешни работи. По последните телефонски консултации меѓу Заев и Мицкоски, од партијата соопштија дека Чулев е надпартиски кандидат, дипломиран криминалист со постдипломски студии по мир и развој, а работи во Агенцијата за разузнавање и има искуство во безбедносната политика. Тој во периодот од 2013та до 2017та бил прв човек на агенцијата, а потоа уште две години генерален помошник на директорот.

Останатите имиња од техничката влада се познати. Технички премиер од редовите на СДСМ ќе биде Спасовски, министерката Царовска е предложена за вицепремиер за економски прашања како наследник на Кочо Анѓушев. За министер за труд и социјална политика од редовите на ВМРО-ДПМНЕ пак, е предложена Рашела Мизрахи. За доплнителен заменик во внатрешни работи е предложена Славјанка Петровска, додека пак, во труд и социјална политика Санела Шкријељ.

За дополнителен заменик-министер за администрација е предложена пратеничката Невенка Стаменковска, во земјоделие – Цветан Трипуновски, додека пак, за финансии – Гордана Димитриеска.

Утре паралментот најпрво ќе треба да ја констатира оставката на Зоран Заев. Претседателот Стево Пендаровски пак, ќе треба веднаш да го додели мандатот за состав на техничката влада на Спасовски, а техничката влада се гласа од парламентот. Според законските рокови, собранието ќе треба да се распушти до 10 февруари, а на 12 април да се одржат и договорените избори.

GOLD
To Top