Новости

Македонија

Вечерва на полноќ официјално започнува изборната кампања

Вечерва на полноќ и официјално стартува кампањата за локалните избори. Ќе трае до 13 октомври. Ова се првите избори кои ги организира владата предводена од Зоран Заев.

Кандидатите за градоначалници денеска потпишаа Кодекс за одржување слободни и демократски избори, преку кој се обврзуваа дека ќе ја почитуваат законската регулатива за време на организирањето и спроведувањето на изборите.

Од Државната изборна комисија велат дека ги направиле сите потребни подготовки за спроведување на овој изборен циклус. На локалните избори кои ќе се одржат на 15 октомври ќе учествуваат 19 политички партии и коалиции, како и неколку листи на независни кандидати за општински советници.

 

GOLD
To Top