Новости

Македонија

(Видео) Обвинителен акт против 30 лица за „крвавиот четврток“

Јавниот обвинител Љубомир Јовески денеска на прес-конференција истакна дека обвинителството поднесе обвинение протв 30 лица за настаните кои се случуваа на 27 април во Собранието.

Од нив 28 лица се обвинети за кривично дело терористичко загрозување на Уставниот поредок и безбедноста, а две лица се обвинети за помагање за истото кривично дело.

Обвинетите го загрозиле уставниот поредок и безбедноста на Македонија со акт на насилство и создале чувство на несигурност и страв кај граѓаните. Опсежната истрага потврди, а ве уверувам дека и во судската постапка ќе се докаже дека обвинетите дејствувале со иста цел, извршувајќи поврзани и усогласени дејствија на битието на кривичното дело, изјави Јанески.

Осомничени за настаните од 27 април се 35 лица, меѓу кои пратеници, организатори на протестот и вработени во МВР. За четири лица е прекината постапката бидејќи не се достапни за органите на прогонот, а за едно лице постапката е запрена бидејќи обвинителството не нашло докази дека лицето сторило кривично дело.

Евротип
Евротип
To Top