Новости

Македонија

Викендов врнежи од снег и дожд

Под влијание на влажен бран в сабота попладне и во текот на ноќта кон неделата ќе има повремени врнежи од дожд, особено во западните подрачја. На планините врнежите ќе бидат од снег, информира УХМР.

В недела во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Нови врнежи се очекуваат во текот на ноќта и в понеделник кога поради спуштање на постуден воздух од север на планините и на повисоките места, ќе бидат од снег, а во некои пониски места од дожд и снег.

На планините ќе се формира нова снежна покривка.

GOLD
SN Finansii
To Top