Новости

Македонија

Владата му се извини на Курц за згрешеното знаме

Владата на Република Македонија упатува извинување до Република Австрија за ненамерниот протоколарен пропуст при посетата на Сојузниот Канцелар Себастијан Курц во Република Македонија, соопшти Владата.

– Пропустот е направен од страна на службите за протокол на Владата на Република Македонија и на Министерството за надворешни работи, а до него дошло поради големата сличност во димензиите и колоритот на знамињата на Австрија и Латвија, стои во соопштението.

 

 

 

 

 

 

ФОТО: МКД

GOLD
To Top