Новости

Македонија

Влада на РМ: Македонија ги започнува преговорите за членство во НАТО

Владата на вчерашната седница ја разгледа и ја усвои Информацијата за елементите од пристапните разговори за членство во НАТО, кон кои Република Македонија треба да се приклучи на 18 и 19 октомври 2018 година, во седиштето на Алијансата во Брисел. Исто така, Владата ја разгледа и ја усвои Информацијата за формирање Работен комитет за интеграција на Република Македонија во НАТО. Членовите на Работниот комитет за интеграција на Република Македонија во НАТО се задолжени да ги спроведат пристапните разговори на Република Македонија во седиштетото на НАТО во Брисел.

GOLD
GoldSlot
To Top