Новости

Македонија

Влада: 10 илјади семејства во Тетово, Битола, Кичево и Скопје ќе добијат по 1.000 евра за клима инвертери

Платите во основното, средното и високото образование и науката ќе пораснат за уште 10%, a утврден е и предлог-законот за субвенционирање придонеси за раст на платите во приватниот сектор, се дел од одлуките на вчерашната седница на Владата.

Владата ја усвои Информацијата за спроведување на еколошката мерка за субвенционирање на граѓаните со високоефикасни инвертер клима уреди за домаќинствата во општините Битола, Кичево, Тетово и Градот Скопје, кои користат енергетски неефикасни уреди за греење на тврдо и фосилно гориво, со што сериозно влијаат на загадувањето на воздухот.

За остварување на оваа мерка АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) треба да донесе одлука за обезбедување средства во висина од 618.000.000 денари за субвенционирање на граѓаните за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди, како и да донесе одлука за обезбедување средства за јавна едукативна кампања за придонесот од имплементација на мерката за здравјето на граѓаните и за начинот на кој таа ќе биде спроведена.

На оваа седница Владата ја усвои информацијата за покачување на платите во основното, средното, високото образование и во науката во Република Северна Македонија за 10% почнувајќи од исплата на платата за април 2020 година.

Владата ја усвои информацијата за нацрт предлозите за можните видови субвенции при купување на нови возила, и ги задолжи Министерството за економија во соработка со кабинетот на заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања,  Министерството за финансии и Царинската управа на РСМ, како и со претставник на здружението на увозници на автомобили,  да формира работна група која ќе направи анализа за начинот и можностите за субвенционирање согласно предложената програмата.

На предлог на Министерството за финансии Владата ја усвои информацијата за  организирање наградна игра „Мој ДДВ, моја награда“. Мерката ќе генерира дополнителни приходи за граѓаните, а ќе ја спроведува Државната лотарија на Република Северна Македонија, како овластено трговско друштво во целосна сопственост на државата, во соработка со Министерството за финансии и Управата за јавни приходи.

GOLD
To Top