Новости

Македонија

Владиката Петар: Само Господ може да ја спаси Македонија

Граѓаните кои вечерва излегоа на протест во Скопје за одбрана на името пеат патриотски песни и извикуваа „Македонија, Македонија“, „Заев предавник“. Се бара прекин на преговорите со Грција за името. Велат дека ќе бидат упорни до крај. „Оваа борба продолжува“ – беше кажано на протестот. 

На протестот беа присутни и владиците Агатангел и Петар.

-Господ да ни е на помош, зашто без Господа оваа татковина и нашата нација и црква нема да опстојат. Само Господ може да ја спаси Македонија, во оваа ситуација кога сме понижени до тој степен. Ние самите да си направиме наше конечно и духовно и национално опстојување, рече митрополитот преспанско -пелагониски Петар на протестот против промена на името.

Тој го прочита ставот на Светиот синод кој е едногласно прифатен.

-САС на МПЦ ги реафирмира своите досегашни непроменливи ставови и апелира до државните фактори да го зачуваат Уставот на РМ, да не се менува Уставот на Македонија, да не се менува уставната позиција на македонскиот јазик, да не се отстапува од македонскиот национален идентитет и да се сочува унитарниот карактер на Република Македонија, рече митрополитот Петар.

Протестот е организиран од патриотското здружение „Тврдокорни“ и „Македонски Обединети Сили“ за одбрана на името „Македонија“.

Евротип
SNBROKER
To Top