Новости

Македонија

Владиката Петар приведен на скопскиот аеродром, за кратко бил пуштен

Владиката преспанско-пелагонсиски Петар е задржан на скопскиот аеродром по барање на финансиска полиција, објави „Фокус“.

Владиката Петар попладнево тргнал на пат за Австралија каде што од страна на полицијата е приведен и однесен на информативен разговор.

Тој кажа дека кратко бил задржан на аеродромот поради грешка во процедура, по што бил пуштен да го продолжи патувањето за Австралија, каде што тој исто така служи.

„Ме задржаа на аеродром, но беше направена грешка. Кога луѓето сфатија што направиле, ми се извинија и јас сега патувам за Австралија“, кажа владиката.

GOLD
To Top