Новости

Македонија

Влошена здравствената состојба на Боки 13,му откажал левиот бубрег

Влошена е здравствената состојба на првоосомниченипот за случајот Рекет, Бојан Јовановски, познат уште како Боки 13. Тој може да умре за 15 минути бдејќи му откажал левиот бубрег, изјави за „Слободен печат“ адвокатот на Јовановски, Сашо Дуковски.

Јовановски, но и неговиот адвокат од судските власти бараа затворскиот притвор да му биде заменет со домашен, токму поради нарушеното здравје, но тоа барање беше одбиено.

-Секој ден здравствената состојба му е се покомплицирана. Урината му е кафеава. Вчера стражарно беше спроведен на ректоскопија. На 20 овој месец му е закажана колоноскопија за која претходно треба да е на посебен режим. Нема што не му е. Кога лежи желудочната киселина му оди право во белите дробови. Може да умре за 15 минути. Јовановски нема желудник и за тоа има 10 лекарски мислења дека треба да биде хоспитализиран, изјавил за „Слободен печат“ адвокатот Дуковски.

Инаку на 3 ти декември е закажано судењето за случајот „Рекет“ , кога на обвинителна клупа ќе седнат обвинетите Катица Jанева, Бојан Јовановски и Зоран Милевски Кичеец.

-Заради интерес на медиумите кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека предметот со КОК бр. 116/19 против Б.Ј., К.Ј. и З.М. согласно АКМИС – електронскиот систем е распределен кај судечки совет со кој претседава судија Васка Николовска – Масевска.

Главната расправа по предметот е насрочена за 03.12.2019 година во 10:00 часот за што се доставени и покани до странките, информираат од Кривичниот суд.

GOLD
To Top