Новости

Македонија

Внимавајте деновиве кога има дожд: Казна од 35 евра и 15 негативни поени ако испрскате пешак

Деновиве има врнежи од дожд низ Македонија, па затоа особено треба да се внимава да не испрскате некој пешак со возилото.

За да бидат казнети несовесните возачите мора да бидат фатени во моментот кога го извршуваат делото, или пак казнувањето е можно ако возачот го запре возилото или, пак, полицаец да биде сведок на настанот.

Сообраќајниот полицаец мора на самото место да го констатира тој прекршок, а доколку нема полицаец во близина, следна опција е да се јавите на 192, но да го задржите возачот и тој да признае што направил.

Казната е 35 евра во денарска противвредност, како и 15 негативни поени.

GOLD
To Top