Новости

Македонија

Во Македонија 450.500 граѓани се сиромашни

Во Македонија 21,8 процент или 450.500 граѓани се сиромашни, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика за 2016 година. Од вкупниот број сиромашни девет проценти се вработени, а 7,1 процент се пензионери.

Според објавените подтоци зголемување на стапката на сиромашија во однос на претходната година има за 0,3 проценти, кога сиромашни биле 21,5 отсто од населението или 445.200 илјади граѓани, а намалување во однос на 2014 година кога 22,1 процент или 457.200 граѓани биле сиромашни.

Коефициентот „Gini“, кој е мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите изнесува 33,6 проценти.

Анализирано по типови домаќинства, најголема стапка на сиромаштија од 50,6 проценти има кај домаќинства со три или повеќе издржувани деца, а најниска во самечки домаќинства со еден возрасен член на возраст од над 65 години. Стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2016 година е 21,2 проценти.

Во 2016 година стапката на сиромаштија кај мажите била 22,2 проценти, а кај жените 21,5 проценти.

Од статистичките податоци може да се види и дека стапката на сиромаштија пред социјалните трансфери изнесува 41,6 проценти, пред социјалните трансфери со вклучени пензии 25,7 проценти и по социјалните трансфери 21,8 проценти.

Основа на пресметките на сиромаштијата се приходите, а прагот на сиромаштија е дефиниран на 60 проценти од медијалниот еквивалентен приход./МИА

GOLD
To Top