Новости

Македонија

Во битолско „рено трафик“ полицијата пронашла 28 мигранти

На патниот правец Валандово-Струмица, пред влез во село Костурино, синоќа во 20:45 часот при проверка на патничко возило „рено трафик“ со битолски регистарски ознаки, полициски службеници од Полициска станица Стар Дојран пронашле 28 лица мигранти, а возачот на возилото го напуштил местото на настанот.

Од МВР информираа дека мигрантите биле предадени на полициски службеници од Регионален центар за гранични работи Исток за понатамошна постапка.

GOLD
To Top