Новости

Македонија

Во викенд патничките возови нема да сообраќаат

ЖРСМ Транспорт АД Скопје ги извесува патниците дека согласно Одлука на Владата, со која ограниченото движење во деновите на викендот (сабота и недела) ќе започнува во 16:00 часот и ќе трае до 05:00 часот следниот ден, се врши и времена измена во возниот ред со тоа што патничките возови во деновите за викенд ( сабота и недела ) нема да сообраќаат.

Исклучок од ова ќе бидат само возовите, 661 од Кичево и 645 од Велес, кои во сабота наутро пристигнуваат во Скопје, откако ќе преспијат во наведените градови, и кои ќе сообраќаат по возниот ред од 23.03.2020 година.

Исто така ги известуваме патниците дека во понеделник 30.03.2020 година, возот 661 од Кичево нема да сообраќа, бидејки претходната вечер нема да одпатува воз поради полицискиот час.

Останатите возови, од понеделник, во текот на работните денови, ќе сообраќаат по возниот ред објавен на 23.03.2020 година,

Инаку кон Битола од 15 март возови не сообраќаат заарди одрон на пругата кај Мартолци.

GOLD
To Top