Новости

Македонија

Во декември се отвора нов центар за децата со цистична фиброза

Од декември сите пациенти со цистична фиброза ќе се лекуваат, но и доколку треба да болнички  третирани ќе се сместуваат во во новиот центар за цистична фиброза во болницата за деца „Козле“.

Докторите велат дека овој центар е многу важен, бидејќи од бебиња до возрасни ќе се лекуваат тука и ќе немаат контакт со други пациенти и ќе бидат заштитени од инфекции.

Станува збор за ретка и мултисистемска болест која ги опфаќа жлездите со надворешно лачење осбоено во дишните патишта, органи за варање, жолчни патишта. Директорот на болницата вели дека пациентите редовно ја примаат терапијата.

Во моментот на одделот се лекуваат околу 50 деца, во едукација и помош за функционирање дојдоа професори од Велика Британија.

Докторите заедно со нивните колеги од Македонија на конгрес ќе разговаат за новите техники за работа, а она што посочија дека е потребено зголемување на медицинскиот кадар пренесува канал5.

GOLD
To Top