Новости

Македонија

Во петок седница за реконструкција на Владата

На годишнината од изборот од Владата, Зоран Заев ќе ја брани реконструкцијата. Седницата за избор на новите членови е закажана за в петок.

Претходниот ден, во четврток пак пратениците ќе поставуваат пратенички прашања. Иако најавувана како темелна, реконструкцијата на владиниот кабинет на Зоран Заев се сведе на ротација на министерствата за правда и образование меѓу СДСМ и ДУИ, како и влез на скопското крило на БЕСА во култура и ДПА во бесресорното Министерство за привлекување на странски инвестиции.

Нови министри се Асаф Адеми за култура, Бардуљ Даути министер без ресор, Рената Дескоска за правда и Арбр Адеми за образование.

Новини има и во заменичките министерски места, согласно проширувањето на мнозинството.

Евротип
Евротип
To Top