Новости

Македонија

Во првиот квартал 1,9 милиони претплатници во мобилната телефонија

Во вкупниот број на активни претплатници оне. ВИП има удел од 49,44 проценти, „Македонски телеком” од 48,27 проценти, „Лајкамобајл” од 2,08 проценти, а „Роби” од 0,2 проценти.

Бројот на претплатници во мобилна телефонија во првиот квартал годинава изнесува 1.948.535, од кои 877.186 при пејд, а 813.367 постпејд резиденцијални, како и 257.982 постпејд деловни претплатници, објави Агенцијата за електронски комуникации.

Според информациите за состојбата со пазарот на електронски комуникации во мобилна и фиксна телефонија, во првиот квартал годинава е реализиран сообраќај од 1.311.733.709 минути.

Во вкупниот број на активни претплатници оне. ВИП има удел од 49,44 проценти, „Македонски телеком” од 48,27 проценти, „Лајкамобајл” од 2,08 проценти, а „Роби” од 0,2 проценти.

Според приходи, најголем е уделот на „Македонски телеком” (51,72 проценти), на „оне. ВИП” изнесува 47,51 процент, на „Лајкамобајл” е 0,57 проценти.

Во првиот квартал во државава биле регистрирани 386.966 фиксни линии, преку кои се реализирани 47.037.160 минути сообраќај. /МИА

GOLD
To Top