Новости

Македонија

Временска прогноза во текот на ноќта – интензитетот на врнежи ќе се зголеми

Висината на снежна покривка која падна до 19:30 изнесува: 39 Лазарополе и Пожаране, 12 Скопје 3 Рид, 15 Ѓуриште, 10 Крушево и Тополчани, 8 Штип и Крива Паланка, 5 Виница, 4 Прилеп, Битола и Берово, 1 Демир Капија, Струмица и Претор.

Од УХМР информираат дека насекаде во земјата има врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Дува слаб до умерен ветер од северен правец, на повисоките места повремено се засилува.

Во ноќните часови врнежите од снег ќе се прошират насекаде и на повеќе места ќе бидат интензивни. Насекаде ќе се формира снежна покривка, на планините над 50 цм, а во пониските места со 10 до 20 цм.

Според радарските материјали, УХМР информира дека најинтензивни врнежи од снег има на деловите:
Скопје кон Тетово
Скопје кон Куманово
Куманово кон Крива Паланка
Штип – Куманово – Кратово – Крива Паланка

GOLD
To Top