Новости

Македонија

Времето денеска облачно со сончеви периоди, попладне дождови и грмежи

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, со сончеви периоди.

Попладне на места нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, дневната температура ќе се движи  од 9  до 19 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно со сончеви периоди, но и со повремени врнежи од дожд. Дневната температура ќе достигне до 16 степени.

И следниве денови времето ќе биде  променливо облачно време со сончеви периоди.

На места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во попладневните часови.

Локално ќе има услови за појава на град.

Утринските температури ќе бидат во опаѓање. За време на викендот ќе настапи стабилизирање на времето.

GOLD
To Top