Новости

Македонија

Времето денеска променливо облачно со локален дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно, во јужните делови со слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, особено изразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната од 7 до 13 степени.

Утре (сабота) времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои ќе се задржат до недела претпладне. За време на викендот ќе дува умерен до засилен североисточен ветер. Од понеделник следува период на сончево време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во значителен пораст.

GOLD
To Top