Новости

Македонија

Времето денеска сончево и топло

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала облачност и слаб ветер од североисточен правец. Минималните температури ќе се движат од 11 до 18 степени, а максималните од 30 до 36 степени.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со слаб ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде 16, а максималната до 35 степени.

До вторник под влијание на многу топла воздушна маса ќе има секојдневен пораст на дневната температура, која почнувајќи од викендот во голем дел од земјава ќе надминува 35, а на места ќе достигне и 40 степени. УВ индексот повторно ќе има многу висока вредност 9. За време на викендот не е исклучена ретка појава на краткотраен дожд со грмежи, особено во сабота во планинските подрачја. Промена на времето се очекува од вторник кон крајот на денот.

Евротип
Евротип
To Top