Новости

Македонија

Времето денеска сончево со мала облачност, попладне нестабилно со пороен дожд

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

Попладне, претежно во северните и западните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град.

Утринската температура ќе биде од 12 до 18, а дневната 28 до 36 степени.

Во Скопје и околината слично време. Утринската температура ќе биде 18, а дневната ќе достигне до 31 степен.

GOLD
To Top