Новости

Македонија

Времето променливо облачно, со повремен дожд и локални грмежи

Времето во земјава денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Дневните температури ќе се движат во интервал 18 до 28 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд. Температурата ќе се движи во интервалот од 12 до 24 Целзиусови степени.

Во наредните денови ќе се стабилизира времето, ќе преовладува сончево време, но постудено. За време на претстојниот викенд ќе има ниски утрински температури, кои на некои места ќе се спуштат и до 0 Целзиусови степени.

GOLD
To Top