Новости

Македонија

Втор ден Велигден – Продолжуваат велигденските празнувања

Православните верници денеска понеделник (29 април) го слават вториот ден од големиот христијански празник, посветен на Христовото Воскресение – Велигден.

Празничниот ден се исполнува со посета на светите храмови и во кругот на семјеството и пријателите.

Верниците си даруваат црвени јајца и со зборовите Христос Воскресе – Вистина Воскресе, даваат потврда во христијанската вера и вечниот живот.

Велигден е празник што ја слави победата на животот над смртта, ден за радост и светлина. Христовата победа над смртта е победа којашто Исус ја извојува за целокупното човештво.

Денеска е државен празник и неработен ден за сите граѓани во земјава.

GOLD
To Top