Новости

Македонија

Гласањето започна навреме и се одвива без проблеми

Граѓаните на Република Северна Македонија денеска ќе гласаат за нов претседател на државата. Ова се шести претседателски избори, на кои според Државната изборна комисија, за избор на нов претседател право на глас ќе имаат 1.808.131 гласач. На денот на изборите, според податоците на ДИК, право на глас имаат 1.726.696 граѓани, а останатите се наоѓаат на посебен избирачки список кои гласаат ден претходно.

Гласањето на сите избирачки места во земјава во првиот круг од претседателските избори почна навреме. Од Државната изборна комисија информираат дека досега гласањето се одвива тековно и без проблеми.

GOLD
To Top