Новости

Македонија

Граѓаните ако немаат потреба да не патуваат за викендот

Се апелира до граѓаните кои немаат особена потреба за патување во текот на викендот да не патуваат, а транспортерите кои можат да ги одложат своите транспортни рути во текот на викендот да ги одложат доколку тоа не им предизвкува економска штета.

Оние кои ќе патуваат задолжително да поседуваат зимска опрема за сообраќај и за чистење на патиштата, пакети за прва помош и определено количество вода и храна.

Повеќе подготвителни превентивни мерки донесе синоќа Управувачкиот комитет за кризи, по најавата од Управата за хидрометеоролошки работи за врнежи од снег и многу ниски температури на територијата на Македонија во наредните денови.

„Во однос на можните проблеми со снабдувањето со електрична енергија, Управувачкиот комитет донесе заклучок со кој компанијата ЕВН треба да формира тимови кои ќе бидат со зголемена мобилност и зголемена оперативна подготвеност и кои ќе треба да реагираат во случај на нарушување на системот за снабдување со електрична енергија“- рече Александар Георгиев, портарол на Владата.

Што се однесува до ризикот во однос на сообраќајот, на состанокот е донесен заклучок екипите на ЈП Македонија пат да бидат во постојана оператива, готовност за реакција на определени критични точки кои постојат на патиштата, а доколку има потреба ќе биде воведена и забрана на движење на тешки транспортни возила на определени потези на патиштата од четврток до понеделник.

Граѓаните ако имаат потреба од медицинска или каква било друга помош и ако се најдат во неповолна ситуација може да се јават на телефонскиот број на ЦУК, 195 или да се јават на телефонскиот број на Црвениот крст – 3139 578.

GOLD
To Top