Новости

Македонија

Граѓаните да не одат, туку да се јавуваат кај матичниот лекар, апелира Владата

Владата на ги повика граѓаните доколку имаат симптоми типични за коронавирус, како температура, треска, кашлица, отежнато дишење, да се јават телефонски кај нивниот матичен лекар.

„Ако имате симптоми типични за коронавирус, како температура, треска, кашлица, отежнато дишење, јавете се кај вашиот матичен лекар. Јавете се телефонски, не одете директно во посета. Матичните лекари, преку епидемиолошка анкета, ќе утврдат дали треба да се тестирате или не. Доколку треба, преку системот „Мој термин“ тие за вас ќе закажат точно време и место за тестирање.

Во функција се 14 центри за тестирање на територијата на целата земја за земање на брисеви и тие се веќе објавени на сајтот на „Мој термин“. Со ова, практично, во функција ги ставаме сите, близу, 1.200 матични лекари, кои ќе се вклучат во процесот на дијагноза, но и во водењето на пациентите“, апелира Владата.

 

GOLD
To Top