Новости

Македонија

Грипот ја зеде и третата жртва

50-годишен човек е третата жртва на сезонскиот грип, соопштија од Институт за јавно здравје. Човекот имал хронични болести и починал на институтот за пулмологија, каде и се лечел. Во меѓувреме, расте бројот на заболени од грипот, кој забрзано се шири. Неделава се регистрирани 5.660 заболени, што е за 74% повеќе од минатата недела.

Докторите потсетуваат на препораките да се избегнуваат места каде има голем број луѓе, јавни собири, а дополнително ќе се одлучува дали да се забранат и посети во болниците.

GOLD
To Top