Новости

Македонија

Груевски: Само ја оттргнав раката на Џафери, тој треба да се извини

Никола Груевски денеска пред Судот изјави дека воопшто не му била целта да предизвика инцидент, туку јасно и гласно да покаже дека не се согласува со начинот на кој беше донесен Законот за употреба на јазиците.

Вели дека само ја оттргнал раката на Џафери кога тој го допрел и смета дека Џафери треба да му се извини на народот.

-Воопшто не ми беше целта да предизвикам инцидент, туку јасно и гласно да покажам дека не се согласувам со начинот на кој беше донесен Законот за употреба на јазиците, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во врска со инцидентот што пред три дена се случи во парламентот, кога за малку беше избегната тепачка помеѓу него и собранискиот спикер Талат Џафери.

Груевски побара Џафери да се извини и на македонската и на албанската јавноста поради тоа што, како што рече, на шверцерски начин донел закон ко ги засега токму албанските граѓани.

24vesti.com.mk

GOLD
To Top