Новости

Македонија

Груевски осуден на 2 години затвор за „Тенк“

Никола Груевски е осуден 2 години затвор на за кривичното дело примање награда за противзаконско влијание.

За Никола Груевски судијката рече дека целосно ги исполнува сите елементи на кривичното дело –влијание да се изврши службено дејство што не смее да се изврши или да не се изврши дејство кое требало да се изврши.

Според судот, Груевски го искористил своето реално влијание како примиер влијаел да се  изврши службено дејство кое не смеело да се изврши. Тој го искористил за за себе на незаконит начин да си обезбеди возило за кое не само што не биле информирани граѓаните, туку и се договориле да глумат дека возилото е на МВР, За остварување полтиилки поени.

Ѓоко Поповски доби 6 години и 6 месеци за злоупотреба на службената положба и овластување.

Адвокатот на одбраната Димитар Дангов по изрекувањето на пресудата рече дека се незадоволни и дека ќе вложат сериозна жалба, бидејќи сметаат дека не постојат за ниту еден од обвиентите не е виновен за делата.

Груевски денеска не се појави на изрекувањето на пресудата.

Ѓоко Поповски, беше спроведен од затворот во Шутка каде е во притвор по изрекувањето на вчерашната предуа за набавката на возила за МВР.

Во овој случај обвинета е и поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, за која постапката е издвоена поради „ризична бременост“.

Според обвинението , Груевски како премиер побарал од Јанкулоска да определи лице кое ќе спроведе незаконска јавна набавка за ново блиндирано возило, а се фаворизирала фирмата „Мак Аутостар ДООЕЛ“. За да го исполни барањето Јанкулоска го ангажирала Поповски и двајцата ја злоупотребиле службената положба и овластување. МВР направило набавка на возилото кое требало да и биде дадено на Владата, но според обвинителниот акт, било набавено затоа што Груевски сакал да се вози во такво возило, но не сакал јавноста да знае за тоа.

 

 

Извор: Нова тв

GOLD
To Top