Новости

Македонија

Груевски побегнал со четворица унгарски дипломати во Албанија и Црна Гора, кои го возеле со две возила

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски стасал до Унгарија со помош на унгарски дипломати и службени дипломатски возила на унгарските амбсади во Албанија и Црна Гора, пишуваат црногорскиот портал, „Вијести“.

Како објави „Вјиести“, повикувајќи се на доверливи извори, Груевски влегол во Црна Гора на 11 ноември во 19:19 часот, на граничниот премин „Божај“, кога поранешниот премиер користел своја лична карта.

Притоа, пишува црногорскиот портал, Груевски се наоѓал во возило „фолксваген џета“, со регистарски таблички ЦД 1023, заедно со лицата Кулсар Антал и Варсалваи Шаб, кои биле носители на дипломатски пасош на Унгарија.

Инаку, според порталот, тој територијата на Црна Гора ја напуштил истиот ден преку граничниот премин „Добраково“, во 22:16 часот, а во Србија влегол со автомобил со рег. таблички 55А05. Груевски бил заедно со Часар Јозеф Золтан и Фелеџаз Шаба, од кои првиот е заменик-амбасадор на Унгарија во Црна Гора, а вториот е конзул.

Засега, од Албанија и Црна Гора официјално потврдија дека Груевски поминал низ овие две држави, но засега нема официјални информации за неговиот транзит преку српска територија, од каде влегол во Унгарија пренесува Фокус.

GOLD
GoldSlot
To Top