Новости

Македонија

Груевски ја прими поканата за да оди во затвор

Екс премиерот Никола Груевски утрово пред да влезе во Кривичниот суд ја прими поканата за да оди во затвор.

Нa 8 ноември тој треба да се појави во затворот во Шуто Оризари за две годишната казна затвор за случајот „Тенк“ за набавката на луксузниот мерцедес.

Според информации од Кривичен суд имало неколку неуспешни обиди поканата да му биде врачена на домашна адреса, па затоа денеска пред да седне на обвинителна клупа за случајот „Траекторија“ го добил упатниот акт за затвор од судија за извршување на санкции.

GOLD
To Top