Новости

Македонија

Гушнете ги најблиските – денеска е Светскиот ден на семејството

Генералното собрание на Обединетите нации на 20.септември 1993.година донесе резолуција 47/237 со која се утврдува 15.мај како Светски ден на семејството.

Целта на одбележувањето на овој ден е да се подигне свеста за важноста на семејството и да се поттикне јавноста да даде поддршка на семејствата кои се соочени со економски, општествени и интелектуални проблеми.

Семејството е основна единка на општеството. Заради тоа потребна му е заштита, помош и поддршка од сите членови, но и од општеството како целина. Единствено на тој начин секој поединечно може да даде придонес на заедницата во која живее. Семејството е заштитено од Обединетите нации и формално и тоа со Универзалната декларација за човекови права, Декларација за општествен напредок и развој и Конвенција за укинување на сите облици на дискриминација против жените.

Овој ден ја нагласува важноста на семејството и се одбележува на различни начини низ светот: низ програми кои се насочени кон давање поддршка на семејството, различни организирани случувања и концерти. Овој ден го одбележува секое семејство во својот дом, во природа, на омилените места.

Прославете го и Вие овој ден со своите најблиски. Потсетете се на се што Ве сплотува, што Ве радува, на се што делите и на се’ што можете да направите едни за други.

GOLD
SN Finansii
To Top