Новости

Македонија

ДЕНЕСКА Е АРХАНГЕЛ МИХАИЛ: Какво ќе биде времето денеска, таква ќе биде цела зима

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 8 ноември. Денеска е Собор на св. архангел Михаил.

Архангел Михаил се слави денеска, а по народното верување, тоа е затоа што кога светците си ги делеле улогите, Архангел Михаил добил есенско и зимско време на зима и зимски тешкотии. Архангел Михаил е водачот на небесните војски и тој секогаш се јавувал на местата на кои се појавувала Богородица, така што претставува небесна сила и заштита на земјата.

На грчки јазик зборот архи значи главен, прв, а значи весник, ангел.

Архангел Михаил на иконата се претставува како борец-војвода со меч или копје во раката, а народното верување смета дека тој доаѓа и ги зема човечките души кога ќе чукне часот.

Постојат многу народни верувања за овој ангел: Велат дека тој ги посетува болните и ако застане кај нивните нозе- не е добро, а ако е кај главата – болниот ќе оздрави.

Едно народно верување вели дека според временските услови на овој ден може да се одреди каква ќе биде годината. Се вели: какво ќе биде времето на Аранѓеловден, такво ќе биде во текот на целата зима и пролет.

Постои верување и обичај кај многу христијани кои го слават свети Михаил, бидејќи го сметаат за жив светител, да не подготвуваат пченица за славата, а тоа е неточно и неоправдано. Неопходно е да се подготви пченица за славата, бидејќи сите светители и сите мртви се живи пред Бога.

Според народните верувања се смета дека какво ќе биде времето денеска, таква ќе биде цела зима. Затоа наутро погледнете во небо и видете дали ќе биде ведро. Ако е ведро тогаш не чека година полна со сонце, а ако биде тмурно тогаш пред нас се врнежливи денови, без сонце.

GOLD
To Top