Новости

Македонија

ДИК: Без проблеми гласаат затворениците, болните и дијспората

Гласањето на затворениците, болните и дијаспората се одвива тековно и без никакови проблеми. Сите гласачки места се отворени, а изборниот материјал навреме е доставен, соопштија од Државната изборна комисија за МИА.

– Освен во САД поради временската разлика, сите гласачки места во амбасадите на Северна Македонија се отворени навреме и гласањето се одвива непрекинато, појаснуваат од ДИК.

Денеска, своето право на глас можат да го остварат 1.640 лица во казнено-поправните домови и лица кои се во притвор, седум внатрешно раселени лица, како и 3.583 немоќни и болни кои го побарале тоа од општинските изборни комисии.

Внатрешно раселените лица гласаат во прифатилиштата каде што се сместени, болните и немоќните лица во нивните домови, а избирачите кои на денот на гласањето се наоѓаат на издржување куќен притвор гласаат во местото каде што ја издржуваат мерката.

Гласањето и денеска и утре на денот на изборите почнува во седум и ќе трае до 19 часот пренесува +инфо.

GOLD
To Top