Новости

Македонија

ДИК: Излезноста до 13 часот е 20,73%

Државната изборна комисија (ДИК) информираше дека до 13 часот излезноста на изборите е 20,73 % или досега гласале 369.141 избирачи.

Најголем одзив е регистриран во Крива Паланка – 39 отсто и Крушево – 34 проценти, а најнизок во Желино – 4% и Боговиње – 6%.

Гласањето се врши на 3.480 гласачки места.

За да вечерва се избере претседател потребно е да се постигне цензус од 40%, односно на гласање да излезат 723.253 гласачи.

 

Евротип
SNBROKER
To Top