Новости

Македонија

Две лица загинаа во сообраќајка на регионалниот пат Битола-Прилеп

На регионалниот патен правец Битола-Прилеп, во непосредна близина на населеното место Вашарејца синоќа во 20 часот се случила тешка сообраќајна несреќа, во која загинаа две лица, информираат од СВР-Битола.

Според првичните податоци, во сообраќајката учествувале тешко товарно возило и патничко моторно возило, и притоа тоа на местото на сообраќајката загинале две лица, односно Џ.И. (34) и А.И. (27).

Во текот на денот ќе бидат објавени повеќе детали за причините за сообраќајната несреќа и за текот на истражната постапка, потврдија од СВР Битола.

GOLD
SN Finansii
To Top